Поврзете се со нас

Балкан

Мирчевски даде гол за победа против Радник на Даноски (ВИДЕО)

Објавено

на

Мартин Мирчевски излезе како победник од македонската битка со Зоран Даноски во првата српска лига.

Некогашниот играч на Вардар и Академија Пандев постигна гол за триумф на ТСЦ Бачка Топола над Радник од 2-1. Се играше 53 минута кога Мартин се најде на вистинското место и рутински ја смести топката во мрежата на гостите за 2-1.

До крајот можеше да дојде до промена на резултатот, а најголемата шанса ја пропушти Спасиќ од Радник кој во судиското продолжение не реализираше удар од 11 метри.

Ова за Мирчевски беше 4 сезонски гол, неговиот тим со 26 бода е на 2 место на табелата. Даноски пак со Радник е на последната позиција со 4 освоени бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни