Поврзете се со нас

АБА лига

Мираковски: Сега знаеме каде треба да се засилиме

Објавено

на

Тимот на Работнички со пораз од Младост од Земун (89-73) го заокружи настапот на првиот турнир во рмаките на АБА2 лигата.

Работнички со пораз од Младост го заврши настапот во „балонот“ во Златибор

Скопскиот состав не успеа да ги повтори партиите од средбите против Подгорица и Ловќен и загуби од вечерашниот противник во Златибор. Овој настап и сите овие дуели му дадоа јасна слика на тренерот Димитар Мираковски што треба да се поправи и воедно истиот веќе најави ангажман на нови играчи со со цел да се надминат проблемите, падовите во играта.

-Имавме желба да го завршиме турнирот со победа, меѓутоа видовме дека моментално не се реални шансите да можеме да издржиме четири натпревари во седум, осум дена. Претходно одиграме и три во македонското првенство што значи за 16 дена одигравме седум натпревари. Честитки за екипата на Младост Земун која без разлика на проблемите на оваа средба настапи со главните играчи, се работи за навистина цврста и физички јака екипа на која не можевме да одговориме. Се виде дека против екипи кои се физички појаки од нас не можеме да држиме ритам.

-Сега ни е појасна сликата што треба да промениме и кај треба да се засилиме. Претходно имавме информации, ама друго е кога ќе почуствувате на терен, против какви екипи играте. Значи за овој ритам на натпревари да може да се издржи мора да се доведат уште неколку играчи, физички појаки за да може да издржиме. Видовме дека во континуитет паѓаме на секој трет, четврти натпревар. Дојдовме изморени по три средби и лош натпревар, па два добри и сега лошо, -истакна Мираковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни