Поврзете се со нас

АБА лига

Мираковски: Невозможно беше да се игра овој натпревар, најголема среќа е што никој не се повреди

Објавено

на

Кошаркарите на Работнички имаа лош старт на кампањата во АБА2 лигата, поточно во дебитанскиот меч во ова натпреварување загубија од Студентски центар од Црна Гора со 98-69.

Составот од „Градски Парк“ не личеше на себе, одигра под нивото како во одбраната така и во нападот, а Димитар Мираковски вината ја „префрли“ во пренабиенот распоред и големиот замор кај играчите.

-Студентски Центар е навистина квалитетна екипа и според мене фаворит број еден за влез во АБА лигата. Честитки за победата, има една работа да кажам: најголема среќа е што никој не се повреди. Во осум дена одигравме четири натпревари, три мечеви во Македонија и патувавме 1000 километри за да дојдеме овде во Златибор. Физички беше невозможно да се игра овој натпревар. Сега ќе се одмориме два дена за да можеме да дадеме подобри партии. Физички беше невозможно да се одигра на повисоко ниво посебно со екипа со квалитетот на Студентски Центар, -истакна Мираковски и додаде:

-Распоредот е напорен, за 18-19 денови ќе ни се фатат седум натпревари. Тоа е навистина премногу. Имавте таква среќа да имаме лош распоред во Македонија, се дерби мечеви, доцнеше и првенството, не ни го одложија дуелот со Кожув, меѓутоа тоа е што е. Ќе гледаме да се одмориме и спремиме за четврток, -заврши предводникот на Работнички.

Центарци во второто коло се соочуваат со составот на Подгорица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни