Поврзете се со нас

АБА лига

Мираковски: Кога сме посвежи изгледаме поинаку, играчите ја сфатија сериозноста

Објавено

на

Работнички имаше лош старт на настапот во АБА2 лигата, но на втората средба во „балонот“ во Златибор покажа дека партијата против Студентски Центар била само лош ден.

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив славеше над Подгорица со 76-70, а од изданието на неговите избраници задоволен беше тренерот Димитар Мираковски.

-Како што кажав пред некој ден против Студентски Центар бевме премногу изморени. Меѓутоа кога екипата е малку посвежа изгледаме поинаку. Имавме извонредно шутерско прво полувреме, лично мене не ме изненади затоа што имаме екипа со баш добри шутери. Играчите ја сфатија сериозноста и дека по првиот натпревар треба да дадеме се од себе за да победиме. Ама второто полувреме имавме падови што е и нормално против млада екипа која игра зонски пресинг кој изморува, но на крај се добро се заврши, -истакна Мираковски кој се надевам дека екипата ќе биде максимално спремна и за дуелот со Ловќен.

-Нема многу време за одмор, секоја минута и секој час е драгоцен. Кредитот го потрошивме на првиот натпревар, сега ни останува да се одмориме и да одиграме повторно во сабота, -заклучи предводникот на клубот од Градски Парк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни