Поврзете се со нас

АБА лига

Мираковски има за што да жали: Работнички се врати од минус 22, па загуби во драматична завршница

Објавено

на

Работнички приситгна со мали шанси за влез во плејофот на турнирот кој се игра во Златибор, а од вечерва истите се уште поминимални откако македонскиот претставник во едно херојско издание загуби сила во самата завршница.

Тренерот Мираковски и кошаркарите на Работнички навистина имаат за што да жалат против фаворизираниот Борац, бидејќи успеаја да се вратат од „мртвите“, анулираа негатива од 22 разлика, стигнаа до предност на една минута пред крајот, но потоа потфрлија во одлучувачките 60-тина секунди кои се покажаа како кобни за нов пораз во АБА 2 лигата.

По изедначената прва четвртина и минималната негатива од 17:20, составот од Босна направи крупен чекор кон триуфмот откако го доби вториот период со 26:15, а бледото издание на Работнички во третата четвртина дефинитивно не беше најава за она што следеше.

По високите 22 негатива, играчите на Мираковски заиграа со срце и душа, ја стопија големата предност и поведоа со 77:76, но за жал, потоа не постигнаа ниту еден поен во последната минута. Танасковиќ погоди тројка, Питс не реализираше на спротивната страна, по што Борац ја потврди победата од 77:82 во Златибор.

Питс беше најдобар поединец и најзаслужен за враќањето со 26 поени, Бундовиќ постигна 18, но неиграњето на Кирил Николовски и болниот Стефан Балмазовиќ и тоа како се одрази во одлучувачките моменти кога кошаркарите на Работнички немаа сили, но ни доволно решенија на паркетот. Следниот натпревар за Работнички во „балонот“ е во четврток против Хелиос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни