Поврзете се со нас

Мото ГП

Мир ја освои првата Мото ГП титула, Сузуки се врати на тронот по 20 години

Објавено

на

blank

Жоан Мир успеа да ја потврди својата прва титула во Мото ГП шампионатот, откако денеска во Валенсија обезбеди пласман со кој има загарантирано место на една трка до крајот на сезоната.

Членот на Сузуки го освои седмото место, но тоа беше сосема доволно за триумф во генералниот пласман и официјално прекинување на доминацијата на Марк Маркез.

Излетувањето на Фабио Квартараро го исфрли Французинот од битката за титулата, додека Морбидели заостанува недостижни 29 поени.

На денешната трка во Шпанија победи Франко Морбидели од тимот на Јамаха, а на победничкиот пиедестал имаше простор и за Џек Милер и Пол Еспаргаро.

Мир претходно имаше титула и во Мото 3, а за Сузуки ова е прва титула по 20 години, кога шампион беше Кени Робертс џр.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни