Поврзете се со нас

Шпанија

Миовски „запали“ во Примера: Два гола и асистенција за 22 минути во каталонското дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/bojanmiovskii

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски „запали“ во Примера и тоа во малото каталонското дерби против Еспањол.

Џирона го гази соседот и по првиот дел има предност од 4-0, а за тоа големи заслуги има нашиот репрезентативец кој за 22 минути на теренот забележа два погодоци и асистенција.

Прво му асистираше на Хил за водство од 6 минута за да потоа крилниот напаѓач му намести две топки на Бојан во 16 и 22 минута.

Ова за Македонецот беа први голови во шпанскиот шампионат, претходно стрелаше во Копа Дел Реј против Екстрамадура (два гола).

ТУКА можете да ги погледнете головите и асистенцијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни