Македонија
Миовски: Сонувам да играм во Премиер лигата, мој омилен клуб…

Бојан Миовски има одлична прва сезона во дресот на Абердин и со 15 постигнати гола е најдобар стрелец на својот тим во најквалитетната фудбалска конкуренција во Шкотска.
Овие негови изданија дефинитивно го привлекоа интересот на јавноста, клубовите и ако ја заврши кампањата во посакуван ритам може да се надева и на топ трансфер во летниот преоден рок. Тој воедно станува и се повеќе значаен играч во репрезентацијата каде во последниве мартовски натпревари забележа гол и асистенција на дуелите со Малта и Фарски Острови што дефинитивно ќе му помогне дополнително да ја крена самодовербата.
Секако секој играч има поставено цел, сон, а на Миовски е на игра во Премиер лигата.
-Целта ми е да продолжам во клуб од најдобрите пет (Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција) лиги во Европа, а доколку можам да изберам една, тоа дефинитивно би била англиската Премиер лига.
-На секој играч целта му е да го достигне највисокото ниво во фудбалот, а англиската Премиер лига ме привлекува поради фактот дека е најатрактивна и најгледана лига во светот. Јас сум огромен фан на Реал Мадрид, но од англиските клубови гo следам односно го поддржувам Манчестер јунајтед, -порача напаѓачот за PopUp.
Бојан ја започна кариерата во Брегалница, па преку Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Ренова и унгарски МТК пристигна во Шкотска.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето