Поврзете се со нас

Свет

Миовски со емотивна порака се збогуваше со Абердин: Направивте да се чувствувам како дома…

Објавено

на

foto:twitter.com/Record_Sport

 

Бојан Миовски мина две одлични години во дресот на Абердин, тим во кој пристигна од МТК и реално никој не очекуваше дека така ќе експлодира во еден од најпознатите шкотски клубови.

Македонецот се наметна на теренот и надвор од него, доби место во фокусот на јавноста, стана вистински миленик на навивачите и дефинитивно не беше лесно за Бојан да си замине и најдобра потврда за тоа се неговите солзи по последниот меч против Сент Мирен.

Напаѓачот се сели во Шпанија во таборот на Џирона, ама пред официјално да ја почне таа приказна со емотивна порака се збогуваше со навивачите.

-Здраво навивачи на Абердин. Прво сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Направивте да се чувствувам како дома, напредував, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на сè.

-Од моја страна секогаш го давав макмумумот, за да можам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљубам во клубот. Ви благодарам многу за тоа и секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас секогаш ќе бидам ваш најголем поддржувач и им посакувам на момците успеси оваа сезона и во иднина.Еднаш Дон секогаш Дон, -порача Миовски на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни