Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Миовски си постави цел по првите два гола во Ла Лига: Напорната работа почна да се исплати

Објавено

на

Foto:x.com/GironaFC

Бојан Миовски мораше да чека до 14-то коло за да го „скрши мразот“ во шпанската Ла Лига, а по брилијатното издание во локалното дерби со Еспањол, македонскиот репрезентативец си постави и цел за Лигата на шампиони.

Претходно, Миовски постигна два гола во Копа дел Реј кои беа први за него во шпанскиот фудбал, но иако напаѓачите се опседнати со голови и нивните изданија се оценуваат според бројот на постигнати погодоци, Миовски е сигурен дека чекори на правиот пат и дека набрзо ќе ја пронајде посакуваната конекција со соиграчите.

Миовски дојде во целосно нова средина и играчка култура во споредба на онаа која навикна во Шкотска, а денеска како играч кој го најави утрешниот меч против Штурм Грац во Лигата на шампиони, говореше и за својата цел која ја има во новиот тим.

– Секогаш е комплицирано да се адаптирате на нова земја и на нов фудбал, но одам чекор по чекор и работам напорно. Веќе постигнав голови во Копа дел Реј, а пред неколку дена го направив тоа и во Ла Лига. Тоа беше специјален ден за мене и се надевам дека ќе има уште многу такви на „Монтиливи“.

– Ла Лига е многу тешко натпреварување, но јас сум максимално концентриран на воигрување со моите соиграчи. Сакам да бидам корисен на колективен план со голови и други работи, тоа е мојата цел на теренот, – потенцира Бојан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни