Поврзете се со нас

Свет

Миовски се најде во тимот на колото во Шкотска, менаџерот на Абердин воодушевен од Македонецот (Видео)

Објавено

на

Џим Гудвин имаше топло добредојде за Бојан Миовски во Абердин и уште од самиот старт најави дека очекува многу од македонскиот репрезентативец, кој на зборовите на новиот менаџер одговори на најдобар можен начин.

По дебитантскиот гол во Лига Купот, Миовски не се запиша во листата на стрелците во првото коло од шкотската лига против Селти, но затоа во второто делеше фудбалски лекции против Сент Мирен.

Миовски со своето извонредно напаѓачко движеше претставуваше вистинска напаст за дефанзивците на противникот, успеа да постигне два гола, а беше блиску и до хет-трик во победата од 4:1.

Сосема заслужено, Миовски се најде во тимот на колото на шкотската фудбалска елита, а менаџерот Гудвин уште еднаш ги нагласи сите квалитети на македонскиот фудбалер.

– Миовски сега веќе е во фаза во која е речиси фит. Има уште малце додека да биде целосно фит, мислам дека му недостасуваат уште 20 или 25 проценти. Зборував со него дека сега изгледа посвежо од денот кога дојде. Неговите движења се извонредни и изгледа како играч кој секогаш е на вистинското место.

– Тој ќе влегува во четири или пет добри шанси по натпревар, го видовме тоа и во второто полувреме против Сент Мирен и покрај извонредното прво, – изјави Џим Гудвин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни