Поврзете се со нас

Свет

Миовски: Сакам да бидам најдобар стрелец, сонувам за Премиер лигата

Објавено

на

Бојан Миовски направи промена на клубот и земјата во овој преоден рок и од МТК Будимпешта се пресели во редовите на Абердин.

Нашиот ас имаше одлично деби и погоди во пресметката со Рејт Роверс во Лига Купот на Шкотска што секако е добра најава за престојните предизвици. Миовски е амбициозен и цели високо во првата кампања на острвот каде сака да биде меѓу надобрите стрелци во лигата.

-Мислам дека секој напаѓач сака да биде број еден во лигата. Ми се допаѓа стилот во Абердин затоа што играат офанзивно така што за напаѓач е добро кога имаш многу нафрлувања и си во шеснаесетникот. Предвидувам дека можам да постигнам многу голови овде, -вели Бојан кој се надева дека со добри партии ќе се пресели и во Премиер лигата како што беше случај со доскорешниот играч на Абердин, Калвин Рамзи кој заврши во Ливерпул.

-Сакав да одам во клуб каде што можам да се подобрам. Мислам дека ова е мојата најдобра одлука. Клубот (Абердин) има многу млади играчи. Го видов тоа со Ремзи во Ливерпул. Знам дека продаваат играчи во Премиер лигата и тоа е она што го сакам во иднина, -истакнува Македонецот кој првиот предизвик ќе го има против шампионот Селтик.

Возбуден сум за моето деби во лигата. Одиме таму за да победиме. Одиме таму и ќе се обидеме да го играме нашиот стил како што играме секој натпревар. Сите сакаат да играат на големите стадиони и тоа ви дава поголема мотивација. Се надевам дека сите ќе уживаат и ќе дадат сè на овој натпревар, -порача репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни