Поврзете се со нас

Репрезентација

Миовски разочаран од домаќинот Лихтенштајн: Тоа што го направија е жално

Објавено

на

Бојан Миовски беше стрелец на третиот гол кој го постигна македонската репрезентација во Вадуц, оној за потврда и заверка на трите бода на стартот на квалификациите за Светското првенство.

Напаѓачот на Џирона реагираше одлично по додавањето од Илиевски и ги постави конечните 0:3, па иако изданието на целиот македонски тим заслужува најголем поздрав, Миовски не беше целосно задоволен од условите кои ги овозможил домаќинот.

Македонскиот голгетер се пожали дека Лихтенштајн се покажал како лош домаќин на оваа средба, бидејќи намерно не го наводниле теренот и направиле да се игра на сув терен со цел да има побавен проток на топката.

– Многу сум разочаран од Лихтенштајн, не го наводнија теренот и оставија да играме на сув терен. Тоа ни создаваше многу проблеми во првото полувреме, не сакаа да играат фудбал и тоа беше жално од нивна страна.

– И покрај тоа, ние дојдовме со цел да освоиме три бода и го направивме тоа. Навидум изгледаше рутински, но беше навистина тешко да се игра овој натпревар. Бевме сконцентрирани од самиот старт, постигнавме гол и бевме доста агресивни. Вториот гол го дадовме во вистински момент и потоа се одеше во наша полза.

– Ова се одлични три бода за нас, одличен старт во пресрет на она што следи во квалификациите за Светското првенство, – изјави Миовски за „Спортско радио 90,3 фм“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни