Поврзете се со нас

Репрезентација

Миовски: Различно е кога давате гол за репрезентацијата

Објавено

на

Македонската репрезентација од денеска е комплетна откако во националниот тим се приклучи и Бојан Миовски, а токму напаѓачот на Абердин е оној кој прв даде изјава од Анталија.

Нашиот национален тим ова утро го одработи вториот тренинг на турско тло и со забрзано темпо се подготвува за двата пријателски меча кои следат, односно дуелите со Молдавија и Црна Гора.

– Секогаш е одлично чувството кога се враќаме назад во репрезентацијата. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на двата натпревари кои ни следат.

– Доколку сакаме да бидеме дел од големо натпреварување, мора да играме со одлични репрезентации и на контролките. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас. Треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките од селекторот и да се фокусираме на стратегијата.

– Се разбира, главна цел е да се воиграме за следниот квалификациски циклус. Јас секогаш давам 200 процени за клубот и репрезентацијата, а ќе ми биде посебно мило ако почнам да погодувам и во националниот тим. Различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијта и се надевам дека ќе ја искористам шансата доколку ја добијам, – изјави Миовски кој игра извонредна сезона во Шкотска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни