Поврзете се со нас

Свет

Миовски продолжи да решета во Шкотска: Бојан презентираше нов напаѓачки квалитет пред фановите на Абердин (Видео)

Објавено

на

По големата победа над Сент Мирен, Абердин денеска претрпе втор пораз во шкотската фудбалска Премиер лига, прв на домашен терен пред своите навивачи.

Мадервел успеа да слави во трилер мечот со пет постигнати гола со резултат 2:3, па вториот пресврт на натпреварот беше пресуден за триумфот на гостите кои подобро се снајдоа на стадионот „Питодри“.

Бојан Миовски одново беше стартер во тимот на Гудвин и одново демонстрираше дека поседува огромен потенцијал, овојпат погодувајќи и со удар со глава.

Миовски демонстрира дека ги поседува сите напаѓачки квалитети на стартот на Шкотска и по двата гола против Сент Мирен, денеска погоди и со удар со глава, гол кој во тој момент му донесе израмнување на Абердин од 1:1.

Македонецот одлично го испрати центаршутот од левата страна и биеше неодбранливо во аголот, по што на стартот на вториот дел следеше гол на Хајес за 2:1.

Пресвртот на домаќините ги стави во добитна ситуација, но тоа траеше кратко, бидејќи Мадервел одговори со втор пресврт на мечот и головите на Слатери и Ван Вин го поставија резултатот 2:3.

Миовски ги одигра сите 90 минути на денешниот натпревар, па сега по три одиграни кола има постигнати три гола во шкотската фудбалска елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни