Поврзете се со нас

Свет

Миовски постигна мајсторски гол, одлуката на судиите да го поништат предизвика дебата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски и вчера беше блиску да биде херој на својот Абердин, но ВАР собата и судиите се попречија со одлуката да го поништат неговиот атрактивен гол во клучен момент.

Македонскиот репрезентативец пласираше мајсторски во првото полувреме на гостувањето кај Хартс, но се вмеша ВАР, по што главниот судија ја прифати сугестијата дека Миовски направил прекршок во акцијата, сопнувајќи противнички фудбалер.

Во второто полувреме Хартс постигна два гола и му нанесе пораз на Абердин, па гостинските фанови очекувано се уште дебатираат околу одлуката на судиите, не пропуштајќи да ја истакнат класата на Македонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни