Поврзете се со нас

Свет

Миовски покажа класа и по крајот на мечот: Бојан џентлменски му одговори на млад фан кој имаше посебна порака за Македонецот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Абердин се пласираше во четвртфиналето на Купот во Шкотска без големи проблеми, откако оствари рутинска победа од 2:0 над Бонириг Роуз.

Шкотскиот прволигаш одработи колку што беше потребно за да се најде меѓу осумте најдобри, а човек на одлука повторно беше неверојатниот македонски репрезентативец.

Бојан Миовски со нови два погодоци стигна до бројката од 22 погодоци од стартот на сезоната, но покрај тоа што беше расположен за тресење на противничката мрежа, гледаше што се случува и на трибината.

Македонскиот голгетер покажа класа и по последниот судиски свиреж, а тој сегмент беше пренесен и од официјалниот профил на Абердин.

Мало момче со оригинална порака го побара дресот од својот идол, по што Миовски не можеше да одолее и одговори на најдобар можен начин.

– Миовски, ти си најдобар во светот. Може ли да го добијам твојот дрес? Ти си мојот омилен фудбалер…. Сиуууууу, – гласеше пораката на фанот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни