Поврзете се со нас

Свет

Миовски погоди во последен момент и донесе победа за МТК по пауза од два месеца (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на МТК Будимпешта ја прекина лошата резултатска серија во Унгарија, а за тоа голема заслуга има нашиот репрезентативец Бојан Миовски.

МТК на драматичен начин славеше во градската пресметка против Ујпешт со 2-1 и тоа со голот на Миовски од пенал во 97 минута.

Сите голови паднаа во самата завршница или поточно од 84 минута со тоа што домаќините иако губеа се изборија за пресврт и прв триумф во шампионатот дури од 25 септември.

Ова за Бојан беше шести првенствен погодок, неговиот тим со 15 бода е на 9 место на табелата.

ТУКА можете да го погледнете најзначајните моменти и голот на Македонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни