Поврзете се со нас

Свет

Миовски погоди против големиот Селтик, Абердин ја загуби Куп драмата на пенали (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PLZSoccer

Бојан Миовски и неговите колеги од Абердин нема да играат во финалето на шкотскиот ФА Куп, а причината за тоа е Селтик кој во денешното полуфинале во Глазгов успеа да извојува драматична победа и тоа по изведување на удари од 11 метри.

Соочувањето на „Хемпден Парк“ донесе многу возбуда, неизвесност, шест погодоци по 12о минути, поточно по три во двете мрежи.

Еден од нив беше дело на нашиот Миовски кој го отвори резултатот во 2 минута на асистенција на Кларксон. Потоа фаворитот го сврте резултатит, но Абердин не се предаваше и во 90 минута погоди за 2-2 и дополнителни 30 минути.

Во првото продолжение Бојан се повреди и го напушти теренот во 100 минута. Потоа Селтик погоди за нова предност, а Абердин возврати во 119 минута по што победникот беше решен на пенали.

Тука избраниците на Роџерс беа подобри со 6-5, односно на крајот како пресуден се покажа нереализираниот удар на Филипс во седмата серија.

Ривал на Селтик за титулата ќе биде подобриот од Ренџерс-Хартс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни