Поврзете се со нас

Свет

Миовски откако стана херој на Абердин: Никогаш не сум почувствувал вакво нешто во друг клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски го постигна голот за победа со кој Абердин избори финале во шкотскиот Лига куп, а очекувано доби многу комплименти и од фановите и од медиумите.

Македонскиот репрезентативец реализираше во 78. минута, што беше доволно за пласман во големото финале, а „Би-Би-Си“ со право го прогласи за играч на натпреварот.

Миовски не криеше дека е пресреќен од целата атмосфера и резултатот кој неговиот тим го постигна против Хибернијан.

– Ова е неверојатно чувство, секогаш е специјално да победиш на ваков натпревар, сите играчи работат напорно за ваквите моменти.

– Фановите секогаш се зад нас, без разлика дали играме дома или на гости, не сум почувствувал вакво нешто во друг клуб. Тие ме мотивираат на теренот и ова финале е за нив, – рекол Миовски.

Гол кој вечно ќе го памети: Миовски претрча 80 метри и го однесе Абердин во Куп финале! (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни