Поврзете се со нас

Лига на нации

Миовски најавува убедлива победа против Гибралтар: Ќе се обидеме да извлечеме поука од Грузија

Објавено

на

Репрезентативниот офанзивец, Бојан Миовски на еден ден по убедливиот пораз од репрезентацијата на Грузија го искажа својот став за тој натпревар.

Освен средбата која брзо треба да ја заборавиме, Миовски зборуваше и за следниот противник, Гибралтар кој се очекува убедливо да биде победен.

– Во денешно време нема лесна репрезентација , знаеме  дека Гибралтар последно одигра нерешено против Бугарија и тоа докажува дека се добра репрезентација. Треба да дадеме максимум и мислам дека нема да имаме проблем и сметам дека против нив сепак ќе победиме убедливо.

– Нормално е да сме разочарани, да загубиш дома 3:0 е неочекувано за нас. Доминиравме во првото полувреме, мислам дека ако постигневме први гол ќе беше сосема друг натпревар, но ете се случи да примиме гол и потоа се одеше во надолна линија за нас. Тоа Грузија го искористи.

– Ќе се обидеме да извлечеме поука од поразот,  ќе ги анализираме грешките и раните ќе ги залечеме против Гибралтар, -изјави Миовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни