Поврзете се со нас

Свет

Миовски ја затресе и мрежата на Данди (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/bojanmiovskii

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски постигна уште еден гол во дресот на Абердин, вкупно единаесетти во оваа сезона во првата лига на Шкотска.

Миовски вечерва ја тресеше мрежата на Данди и тоа во 31. минута од средбата. Нашиот репрезентативец беше сигурен од белата точка и во тие моменти донесе водство од 1-0, меѓутоа во вториот дел гостите успеаа да израмнат за конечни 1-1.

Бојан со 11 погодоци е на второто место на листата на стрелци во шампионатот, Абердин со 24 бода е на 8. позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни