Поврзете се со нас

Шпанија

Миовски изнуди пенал во луд меч во Ла Лига, Стуани му го посвети голот на Македонецот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/GironaFC

Бојан Миовски пред неколку дена ги постигна првите голови во новата фудбалска средина, а тоа очигледно добро влијаеше врз самодовербата на македонскиот напаѓач.

Миовски денеска беше стартер за Џирона на натпреварот против Леганес и одигра еден час на „Монтиливи“, но всушност беше изваден од игра само поради повредата која ја заработи.

Македонскиот голгетер изнуди пенал и беше потешко соборен од противничкиот дефанзивец во 60-та минута, поради што самиот побара измена и замина на клупата за резерви.

Неговото место на теренот го зазема миленикот на домашната публика, Кристијан Стуани, кој во продолжение погоди од 11 метри за 3:2 и реши погодокот да му го посвети на Македонецот.

Ова беше прв гол во второто полувреме, а во првото Џирона и Леганес си зададоа по два удари, период во кој во листата на стрелците се запишаа Гутиерес и Мартинес за домашните, односно Тапија и Круз за гостите.

По голот на Стуани, Леганес си постигна автогол преку Гонзалес за 4:2, а конечните 4:3 во Каталонија ги постави Мунир Ел Хадади.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни