Шпанија
Миовски издвои свој фаворит во шампионската трка во Ла Лига

Бојан Миовски ја санираше повредата на зглобот после два месеци, но македонскиот репрезентативец имаше дополнителни проблеми со мускулот, кои на крајот направија неговото враќање да се одложи уште за неколку седмици.
Миовски во ексклузивниот разговор со „Спортско радио 90,3 ФМ“ откри дека дополнителниот проблем ја продолжил неговата рехабилитација, но сега со голема самодоверба гледа на иднината во Џирона, но и онаа во македонската репрезентација.
Напаѓачот има за цел да достигне оптимална форма за квалификацискиот циклус кој стартува во март, обелодени дека со нетрпение ги чека натпреварите со Лихтенштајн и Велс, но проговори и за тесната шампионска битка која се води во Ла Лига.
Интервјуто со Миовски е направено неколку часа пред денешниот натпревар со Реал Мадрид кој заврши со резултат 2:0, а Бојан смета дека токму тимот на Карло Анчелоти ќе мине прв на целта на крајот од сезоната.
– Тешко е да се издвои фаворит, но бидејќи сите три тима имаат падови во текот на сезоната, сметам дека на крајот се ќе зависи од формата во наредните месеци. Знаеме дека Реал е специјалист за завршница од сезоната, па затоа би го издвоил Реал како фаворит во оваа трка, – изјави Миовски.
Целиот разговор со Бојан слушнете го на следниот ЛИНК
-
Репрезентација15 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија23 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства15 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија18 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Шпанија24 часа
Ван дер Варт ја продолжува „војната“ со Јамал: Ако си замислува дека е Бог, тогаш……
-
Македонија21 час
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација15 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…