Поврзете се со нас

Свет

Миовски и Здравковски добиваат друштво: Уште еден Македонец може да заигра во Шкотска

Објавено

на

Бојан Миовски и Давор Здравковски добро го преставуваат македонскиот фудбал во Шкотка во Абердин и Мадервил, па нивните добри изданија можат да отворат врата за уште наши играчи на островот.

Според последните информации веќе летово уште еден Македонец може да биде дел од најсилната шкотка фудбалска конкуренција-тоа е Кристијан Трапановски.

Трапановски има 24 години и веќе неколки сезони е дел од Шкупи од каде може да заврши во Данди Јунајтед. Данди Јунајтед се враќа во елитната конкуренција и битолчанецот би бил едно од засилувања кои би можел да ги донесе менаџерот Џим Гудвин, човекот кој го доведе Миовски во Абердин.

Доведувањето на Миовски се покажа како топ погодок, па Гудвин верува дека Трапановски би можел да биде играч кој исто би можел да направи „бум“ и биде топ освежување.

Офанзивецот веќе има играно во Чешка и Словачка, но ова дефинитивно би бил најголем предизвик за поранешниот младински репрезентативец на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни