Поврзете се со нас

Свет

Миовски даде еден+еден погодок и изнуди пенал за МТК (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски доби шанса во второто полувреме на мечот против Пакс во првата лига на Унгарија, 45 минути во кои направи се што можеше за МТК Будимпешта за да се извлече на таа средба.

Имено Миовски влезе на почетокот на вториот дел при резултат 2-0 за да домаќините набрзо стрелаат и дојдат до уште поубедливо водство.

Потоа нашиот напаѓач беше во центарот на вниманието, прво во 61 минута ја погоди мрежата на Пакс, но арбитрите со помош на ВАР му го поништија истиот поради претходен прекршок во таа акција.

Во 70 минута Бојан беше фаулиран во казнениот простор, одговорноста ја презема Грозав за 3-1 на семафорот.  Само пет минути подоцна Македонецот го испрати Ленсер по „бурек“ и стрелаше за 3-2 што беше и конечен резултат на оваа средба.

Ова за Миовски беше трети сезонски погодок со што се наоѓа на делба на 6. место на листата на стрелци. МТК пак со 7 бода е на 8 место на табелата.

Тука можете да ги погледнете најважните моменти.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни