Поврзете се со нас

Балкан

Минутата молк на „Маракана“ ги вклучи и трагично настраданите во Кочани, српскиот коментатор се расплака (Видео)

Објавено

на

Реваншот меѓу Србија и Австрија во Лигата на нации не донесе погодок во првите 45 минути, а мечот кој има големо значење за двете селекции почна со минута молк во чест на сите луѓе кои го загубија својот живот во изминатиот период.

Натпреварот на „Маракана“ започна со минута мол во чест на Душан Маравиќ, Андрија Делибашиќ, Радиша Илиќ и Вукашин Црнчевиќ кој беше 16-та жртва од паднатата настрешница во Нови Сад, но нашиот северен сосед искажа почит и кон 59-те млади луѓе кои го загубија животот во Кочани.

Пред точно една недела, Македонија беше завиено во црно и во овој краток период Србија се покажа како една од земјите кои ни понудија најголема помош, а тоа кулминираше и со минута молк во чест на жртвите.

Во овие траорни времиња, воопшто не им е лесно и на спортските работници кои мора да ги контролираат емоциите во телевизискиот пренос, нешто што сепак не му успеа на Ацо Стојановиќ од „РТС“.

Српскиот коментатор не можеше да се воздржи и се расплака додека ги набројуваше сите оние кои веќе не се на овој свет, а своето обраќање го заврши со зборови за трагедијата која се случи во Кочани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни