Поврзете се со нас

Англија

Мино Раиола трие раце, неколку премиерлигаши во битка за фудбалерот на Ајакс

Објавено

на

Неколку премиерлигашки клубови се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Ајакс и веќе стандарден репрезентативец на Холандија, Рајан Гравенберк.

Станува збор за 19 годишен фудбалер од средниот ред кој е редовен во дресот на сениорскиот тим на Ајакс каде играл на 74 натпревари.

Гравенберк е редовен и во селекцијата на „лалињата“, а беше дел од репрезентацијата и на Европското првенство што се одржа минатото лето, а на кое учествуваше и репрезентацијата на Македонија која беше во група тому со Холандија.

Според „Мирор“, за фудбалерот од средниот ред најсериозно притиска тимот на Ливерпул, кој во него гледа идеална замена за Џио Вајналдум кој си замина ова лето, а интерес имало и од Челси и Манчестер Јунајтед.

Негов агент е Мино Раиола кој сигурно ќе ги искористи своите менаџерски квалитети за да го извлече максимумот од финансиска гледна точка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни