Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Мињоле им фати сеир на големите ѕвезди на ПСЖ: Не ми беше воопшто тешко….

Објавено

на

Симон Мињоле мина шест сезони во Ливерпул и долго беше прв голман на „црвените“ пред приситгнувањето на Алисон Бекер, но белгискиот чувар на мрежата беше првиот кој сфати дека веќе нема што да бара на „Енфилд Роуд“ во ситуација кога Бразилецот го забетонира своето место во стартната постава.

Мињоле пред две години направи трансфер во Клуб Бриж, а вчеравечер дочека шанса да брани против најмоќното трио во светскиот фудбал во овој момент, но кое мина доста неславно во Белгија.

ПСЖ разочара и одигра само 1:1 во натпревар во кој лесно можеше и да загуби, па во својата прва изјава за белгиските медиуми, Мињоле не пропушти да му фати сеир на ѕвездениот тим на Покетино, нагласувајќи дека немал многу работа во вечера која измина.

– Немав многу работа на голот, тоа е реалноста. Игравме одлично како колектив и тие не создадоа многу шанси. Имаат неверојатен напад и факт е дека не може да ги чувате „еден на еден“.

– Одлично ги неутрализиравме како тим, а што се однесува до мене, имав само две или три одбрани. Не беше воопшто тешко, немав многу работа на голот, – изјави Мињоле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни