Македонија
Министерството за спорт најави реконструкција на салата во кампусот на УКИМ
Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со тим од министерството, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржа состанок со проф.д-р Биљана Ангелова, ректорката на Универзитетот, и со работната група составена од професори експерти во делот на градежништвото, архитектурата, електротехниката и машинството, на кој се утврди акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет.
Целта е, оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.
Министерството за спорт обезбеди средства во буџетот за реконструкција на салата која е од особено значење за спортот бидејќи во неа ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.
„Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ“ – истакна министерот Борко Ристовски.
Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.
-
Свет8 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет16 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации18 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Шпанија16 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
НБА15 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)