Млади спортисти
Министерот Ристовски ја најави новата програма за финансиска поддршка за македонскиот спорт
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска одржа прес-конференција, а на истата потенцираше дека и официјално пред македонската спортска јавност може да се објави дека се обезбедени средства за т.н. ваучер систем.
– И ако кажам дека ваучерскиот систем беше корумпиран и сѐ она што се случуваше следствено на тоа со сите обвиненија што следуваа, денеска нема да биде никаква новост, затоа ние одлучивме да одиме по еден поинаков пат, да направиме една поинаква иднина за спортистите и за спортот во Македонија.
– Тоа е воведување на законски измени кои што значат нулта корупција во спортот или намалување на максимум најниско можно ниво и она што значи вложување во врвниот спорт и вложување во младите. Министерството за спорт во изминатите два месеци задно со целата Влада работеше напорно. Она што можам да го најавам е дека ги обезбедивме финансиските средства што беа потребни за субвенционираните средства во спортот. Морам да нагласам дека во претходната влада овие средства не беа буџетирани. Ние направивме огромни напори, благодарение на Владата и Министерството за спорт, да се изнајдат тие финансиски средства, најдовме и нови средства и отвораме нови програми за финансирање на спортот. Денеска можам да најавам дека отвораме нова програма која ќе значи субвенционирање на она што значи врвен спорт. Тоа е од оние средства од игрите на среќа.
– Повиците за користење на тие средства ќе бидат објавени веќе наредната недела, ќе важат за сите оние спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа. Тоа ќе биде еден значителен финансиски инпут и за сите федерации, меѓутоа и за сите спортски клубови што се натпреваруваат во Европа – истакна Ристовски.
Министерот за спорт посочи дека се направени неколку измени во Законот за спорт во однос на критериумите за распределба на државните средства во спортот.
-Како Министерство за спорт работевме напорно во изминатите два месеци и направивме неколку измени на Закон со кои критериумите од т.н. ваучерски систем комплетно или во најголем дел ги тргнавме. Она што значеше корупција во тој систем го тргнавме од вреднувањето за добивање финансиска помош од државата. Можам да кажам дека сум горд на мојот тим со кој за ова кратко време ги направивме сите тие измени и го подготвивме сѐ ова и овој терен што треба да значи помош за спортот – рече Ристовски.
Распределбата на државните субвенции во спортот во иднина ќе се спроведува според новата национална стратегија во која е направена селекција и градација на спортските федерации и на спортовите што ќе добиваат финансиска помош.
-Можам да најавам дека во Македонија отсега па натаму ќе има една поинаква финансиска помош што ќе значи вистинска помош за спортот, ќе значи вложување во вистински вредности, вложување во спорт, во млади и вложување во врвниот спорт. Сигурно дека нема да бидат заборавени и сите оние други гранки во спортот, меѓутоа според нашата национална стратегија за спорт во која направивме една градација или селектирање на сѐ она што ќе го финансираме, направивме стратегија по која ние како Министерство за спорт одлучивме дека наш приоритет во финансирањето, односно најголем дел од финансиските средства ќе добиваат четирите федерации кои што носат најмногу спортски успеси на Македонија. Направивме уште една градација во која ги одделивме спортовите на олимписки и неолимписки спортови и оние спортови кои што носат и во минатото носеле најголем успех и мислиме дека и во иднина може да носат успех и промоција на Македонија како на домашен план така и надвор од границите – соопшти Ристовски.
Министерот за спорт најави дека од наредната недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе може да се пријават сите сите спортски екипи и национални спортски федерации кои се натпреваруваат во Европа, а во наредните две недели ќе следува и распределбата на финансиската помош од т.н. „ваучерски систем“.
– Најпрво ќе објавиме повик за финансирање на врвен спорт. Тоа значи дека сите оние екипи и федерации што се натпреваруваат во Европа веќе од понеделник или вторник ќе објавиме јавен повик на кој ќе може да се пријават, да партиципираат на јавниот повик што ќе биде објавен. Министерството за спорт за таа цел одвои 84 милиони денари кои ќе бидат поделени на сите оние клубови и федерации кои се натпреваруваат во Европа. Во наредните две недели, 14 дена по доделувањето на овие средства ќе следува и финасиската помош од државата за спортот која порано се нарекуваше „ваучерски систем“ ние сега ќе ја наречеме поинаку – појасни Ристовски.
Посочувајќи ја основната заложба да не се дозволи никаква корупција во спортот, министерот Борко Ристовски нагласи дека распределбата на државните средства во спортот во иднина ќе биде строго контролирана во насока на развој на чист спорт, развој на врвниот спорт и поддршка на младите таленти во Македонија.
-И уште еднаш ќе ја затворам оваа моја реченица со мислата дека – навистина доаѓаат поубави времиња за спортот, навистина доаѓаат времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности, навистина доаѓаат времиња во кои Македонија конечно ќе се грижи за спортот и ќе се грижи за своите чеда. Ние нема да дозволиме никаква корупција во спортот и сите оние средства кои се наменети од државата за спортот и сите оние чинители или субјекти кои што ги добиваат средствата ќе бидат строго контролирани. Ќе бидат строго контролирани и сите оние средства што ги добиваат младите спортисти или оние т.н. спортски надежи. Повеќе нема да дозволиме средствата од државата да се трошат на некои небитни работи. Нека биде ова една убава најава за спортот во Македонија, во иднина ќе следуваат уште повеќе сѐ со една цел, а тоа е развој на врвниот спорт, поддршка на младите таленти во Македонија и генерално, развој и промоција на државата како на домашен така и на меѓународен план – нагласи министерот за спорт Борко Ристовски.
-
Англијапред 4 часа
Пети: Играчите на Јунајтед се кријат зад Тен Хаг…
-
Лига на шампионипред 5 часа
Звезда поразена од Бенфика, „фармацевтите танцуваа“ во Ротердам (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 18 часа
Вирална сцена: Реакцијата на Мбапе кога виде дека не добива топка од Ендрик (Видео)
-
Шпанијапред 16 часа
Куртоа го откри најголемиот лутко во Реал: Ако погрешите три паса, ви вели да заиграте за противничкиот тим
-
Италијапред 18 часа
Барела: Докажавме дека сме на исто ниво со Сити
-
Шпанијапред 13 часа
Гути со уникатна анализа: Објасни зошто актуелниот тим на Реал е подобар од „Галактикос“
-
Светпред 17 часа
Перишиќ позираше со новите клупски обележја: Изненаден сум што завршив тука, ја избрав „5-та“ поради Зидан (Фото)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Пеп објасни зошто Халанд не „мрдна“ против Интер