Поврзете се со нас

Свет

Минимална победа на Италија, Франција „без муниција“ против Канада (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri_En

Италија победи, а Франција не успеа да дојде до посакуваниот резултат на последните тестови за двете селекции пред настапот на Европското првенство.

„Аѕурите“ одиграа уште еден тежок меч во кој за разлика од соочувањето со Турција (0-0) успеаа да ја совладаат селекцијата на Босна и Херцеговина и тоа со минимален резултат од 1-0.

Најважниот момент се случи во 38 минута кога Фратези на асистенција на Киеза ја смести топката во мрежата на гостите.

Франција пак разочара против Канада, селекција која пред само неколку дена прими четири гола од Холандија во Ротердам. „Триколорите“ немаа соодветни решенија во нападот, останаа без муниција и на крајот мораа да се задоволат со реми без голови.

На другите пријателски соочувања Словачка го разби Велс со 4-0, а Грузија беше подобра од Црна Гора со 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни