Минимален пораз за Елмас и Фенербахче, Николов и Види со позитивен резултат се враќаат од Шведска (Видео)

elmas

Македонските фудбалски репрезентативци, Бобан Николов и Елиф Елмас вечерва имаа настапи со своите Мол Види и Фенербахче во квалификациите за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.

Николов со колегите остана непоразен на гостувањето во Шведска кај Малме играјќи 1-1, резултат со кој си ги подотворија вратите кон плеј-оф рундата во ЛШ. Нашиот ас го одигра целиот натпревар, а заработи и жолт картон.


Елмас пак исто ги одигра сите 90 минути за Фенер, меѓутоа неговиот клуб доживеа минимален пораз од Бенфика со 1-0. Решавачкиот момент се случи во второто полувреме кога Черви го матираше Демирел.

Реваншите се на програмата следната седмица.

Facebook Коментари