Поврзете се со нас

Свет

Мингуелја: Меси го гледаше Рикелме како Исус Христос

Објавено

на

Хосеп Марија Мингуелја е еден од агентите, скаутите кои многу добро ги познава работите во Барселона затоа што со години беше инволвиран во овој клуб и беше „виновник“ за многу значајни трансфери како оној на Лионел Меси.

Токму Мингуелја за Меси раскажа една анегдота и тоа за времето додека во каталонскиот тим Хуан Роман Рикелме.

-Понекогаш Лео ќе дојдеше на скара и се сеќавам на едно време кога дојдоа Рикелме, Рочембак, Мота и некои други играчи, а јас можев да го видам Меси како седи на крајот гледајќи во Рикелме како да е Исус Христос.

-За него Рикелме беше негов голем идол, играше со лева и играше со број 10 во првиот тим на Барселона. Како и да е, Лео само ќе го гледаше затоа што беше многу срамежлив, мораше да изнудуваш зборови од него, -откри Мингуелја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни