Поврзете се со нас

НБА

Минесота му одржа лекција на шампионот, Лејкерс конечно го победија соседот Клиперс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ESPNStatsInfo

Екипата на Денвер Нагетс го претрпе првиот пораз во новата НБА сезона и тоа на гостувањето во Минеаполис кај Минесота Тимбервулвс со 110:89.

Домашниот тим одигра одличен натпревар во кој го неутрализираше нападот на актуелниот првак, а притоа квалитетно функционираше во „офанзива“ и сосема заслужено издвојува триумф од 21 разлика откако беше подобар од три од четирите четвртини.

Едвардс беше лидер со 24 поени, зад него беше Таунс со 21, а Конли и Рид заедно искомбинираа 33 кошеви. Јокиќ на спротивната страна реализираше дабл-дабл од 25 поени и 10 скокови.

Денвер во следното коло игра со Далас Маверикс што значи ќе имаме дерби Јокиќ-Дончиќ.

ЛА Лајкерс пак ја доби најголемата драма и славеше над ЛА Клиперс со 130:125. Потребни беа дополнителни минути за да се добие победникот или поточно во случајот тоа беа „езерџиите“ кои со ова конечно ставија крај на црната серија во пресметките со соседите. односно на низата од 11 порази.

Блескаше Леброн со 35 поени, 12 скокови и 7 асистенции, Дејвис уфрли 27 поени со 10 скокови, а исто толку поени имаше и плејмејкерот Расел.

Залудни за Клиперс беше 38 кошеви на Ленард.

НБА, резултати:
Пистонс – Трејл Блејзерс 101:110
Репторс – Бакс 130:111
Хокс – Визардс 130:121
Селтикс – Пејсерс 155:104
Хит – Нетс 105:109
Никс – Кавалирс 89:95
Тантер – Пеликанс 106:110
Рокетс – Хорнетс 128:119
Тимбервулфс – Нагетс 110:89
Маверикс – Булс 114:105
Џез – Гризлис 133:109
Вориорс – Кингс 102:101
Лејкерс – Клиперс 130:125 (прод.)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни