Поврзете се со нас

Англија

Минамино префрли празен гол во 90. минута, Клоп не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Carabao_Cup

Арсенал херојски се одбрани со десет играчи на „Енфилд Роуд“ и покажа одлични тимски перформанси во овој дел од играта, но огромна помош во 90-та минута доби и од Минамино кој режираше огромен шок за домашните навивачи.

Во отсуство на првите стрелци Мо Салах и Садио Мане кои се на Африканскиот куп на нации, Такуми Минамино доби шанса од Јирген Клоп во стартната постава, а токму тој ја имаше најголемата шанса за кршење на отпорот на Арсенал.

Гостите од Лондон извонредно се бранеа и по црвениот картон на Џака и му дозволија на Ремздејл да има само една чиста интервенција, но и во ваква ситуација, неговата мрежа ќе се затресеше доколку подобра реакција имаше Минамино.

Јапонецот се најде во фантастична ситуација да ја затресе празната мрежа која не беше бранета од Ремздејл, но наместо тоа, го префрли цел гол и го остави Клоп во неверица.

Конечните 0:0 во полуфиналето на Карабао Купот ни гарантираат возбудлив реванш на „Емирејтс“, натпревар кој е закажан за 20-ти овој месец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни