Поврзете се со нас

Свет

Мина за „инцидентот“ со Меси: Знам за каков човек се работи (ВИДЕО)

Објавено

на

Колумбија беше еден од завршните противници на Аргентина на Копа Америка, но иако дадоа се од себе не успеаа да ги елиминираат „гаучосите“ кои славеа на пенали за да потоа во финалето го победат и Бразил и дојдат до 15. трофеј во ова натпреварување.

Инаку средбата меѓу Колумбијците и Аргентинците донесе многу неизвесност, борба, а на пеналите видовме нервоза, провокации, па дури и мирниот Лионел Меси во еден момент експлодираше и имаше што да му каже на поранешниот соиграч од Барселона, Јери Мина откако овој го промаши ударот од 11 метри.

-Ајде танцувај сега, танцувај сега, -порачуваше Меси откако Емилијано Мартинез го запре ударот на Мина.

Сега Јери одлучи да проговори за таа ситуација и за тоа што навистина мисли за Меси.

-Тоа што се случи со Лео е нешто што може да се случи во секој момент, ова е фудбал. Животот се врти во круг секогаш ви дава втора шанса, но јас сум смирен затоа што знам дека Лео е одлична личност. Го запознав во Барселона и му благодарам за поддршката што ми ја даде, секогаш ќе го почитувам. Му се восхитувам на Меси за тоа што е, во тоа време и двајцата ја браневме нашата репрезентација.

-Ако можам да го дадам својот живот за својата репрезентација, ќе го дадам, но она што се случи остана на теренот, нема ништо од тоа, -порача членот на Евертон.

Мартинез му одбрани пенал на Мина, Меси бурно прослави: Ајде, танцувај сега (ВИДЕО)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни