Милвоки го доби дербито на Истокот, Њу Орлеанс ја прекина победничката серија на „џезерите“ (Видео)

janis-smart
Екипата на Милвоки Бакс ја доби дерби пресметката со Бостон Селтикс во источната конференција со што израмни на 1-1 во меѓусебните пресметки со „келтите“ во оваа натпреварувачка сезона.
Составот со најдобар учинок во лигата славеше со 128-123 во средба во која прва виолина во нападот беше Адетокумбо со 32 поени на кои додаде 17 скокови, но одлични беа и Мидлтон со 23, Лопез со 16 како и резервистите Дивиченцо и Хил кои искомбинираа 32 поени.
На спортивната страна дабл-дабл имаше плејмејкерот Вокер и тоа 40 поени и 11 скокови.

Њу Орлеанс Пеликанс и стави крај на низата од 10 победи на Јута Џез, откако во драматичен натпревар со дополнителни минути триумфираше со 138-132. Незадржлив беше Инграм со 49 поени, 8 скокови и 6 асистенции, а слична партија на спротивната страна имаше Мичел со 46 кошеви, 6 скокови и 2 асистенции.

Резултати:
Њујорк – Феникс 98:121
Милвоки – Болтон 128:123
Њу Орлеанс – Јута 138:132
Голден стејт – Денвер 131:134
ЛА Клиперс – Орландо 122:95

Facebook Коментари