Поврзете се со нас

Свет

Милутинов потпиша за рускиот гигант, Дилејни стана „манекен“

Објавено

на

Два значајни кошаркарски трансфери се случија во европската кошарка во текот на денешниот ден, трансфери по кои се засилија ЦСКА Москва и Олимпија Милано.

Најдобриот руски состав го обезбеди потписот на српскиот репрезентативец Никола Милутинов кој се обврза на тригодишна соработка. Милутинов и минатото лето беше трансфер мета на ЦСКА, но одлучи да остане уште една сезона во Олимпијакос.

Американскиот плејмејкер, Малком Дилејни кој неодамна ја прекина соработката со Барселона се договори со составот на Олимпија Милано. Се работи за играч кој има и НБА искуство, па дефинитивно ќе биде од голема помош за „манекените“ кои сакаат да изградат силен состав за следната натпреварувачка кампања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни