Поврзете се со нас

Англија

Милс за идеалниот наследник на Гвардиола во Сити: Тоа е како да ги замените Фергусон, Венгер…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола како што стојат работите ќе го напушти Манчестер Сити по истекот на актуелниот договор или поточно во 2025 година.

Оваа информација се уште не е потврдена од самиот стратег, клубот, но повеќе медиуми од свои извори пренесоа дека Шпанецот размислува за крај на епизодата на „Итихад“, престој во кој успеа да испише историја и да ги освои сите можни пехари.

На Сити нема воопшто да му биде лесно да пронајде замена, наследник на Шпанецот, но според Дени Милс ако мора да се побара решение дефинитивно вистинска опција би бил Микел Артета кој своевремено работеше со Пеп во таборот на „граѓаните“ пред да го преземе Арсенал.

-Микел Артета е најдобриот човек да го замени Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, без сомнеж. Работеше со Пеп, знае како игра Сити и може да влезе со исто ниво на интензитет како него. Мислам дека тоа ќе биде загрижувачко. Тоа е исто како да се обидувате да ги замените Јирген Клоп, Арсен Венгер или Сер Алекс Фергусон.

-Хиерархијата во Сити сега треба да бара наследник и сигурен сум дека е така. На пример, има многу тренери кои победуваат во групацијата на Сити. Тоа е загрижувачки за Сити, но кога ќе го погледнете она што тие го направија во минатото, високите личности што ги доведоа за да управуваат со академијата и регрутирањето, треба да верувате во нив и да се надевате дека има добар план за наследник, -порача Милс кој беше член на Сити од 2004 до 2009 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни