Поврзете се со нас

Балкан

Милошевиќ повеќе не е селектор на „змејовите“, Босна ќе ангажира своја фудбалска легенда

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFSBiH

Босанската Фудбалска Федерација ова попладне официјално информираше дека националниот тим ќе претрпи селекторска смена, откако Управниот Одбор одлучил да не ја продолжи соработката со Саво Милошевиќ.

Поранешниот српски напаѓач ја презема Босна во септември минатата година и го предводеше тимот во завршницата од квалификациите, а потоа играше и бараж за пласман на Европско првенство.

Босна на домашен терен загуби од Украина во полуфиналниот бараж и остана без шанса да се најде на завршниот турнир во Германија, но лошата игра која се провлекуваше од натпревар во натпревар ги натера водечките луѓе да не му го продолжуваат договорот на Милошевиќ.

По објавата на Федерацијата, почнаа и шпекулациите за наследникот на Саво, а според босанските медиуми тоа ќе биде легендарниот Сергеј Барбарез.

Доколку се исполнат овие најави, помошник на Барбарез на клупата би требало да биде Емир Спахиќ, уште еден поранешен капитен на босанската фудбалска репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни