Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Милосављев со специјален подарок до својот ментор во Вардар: Слика која буди многу спомени (Фото)

Објавено

на

Заминувањето на Арпад Штербик од Вардар требаше да претставува огромна празнина која тешко може да се надополни, но сосема спротивното ни го демонстрираше Дејан Милосављев кој во само една година ги освои срцата на вардаровите ракометари.

Младиот српски голман кој беше комплетен анонимус пред пристигнувањето во Скопје, и се претстави на Европа како еден од најталентираните чувари на мрежата бранејќи ги „црвено-црните“ бои, а во својата прва и единствена сезона во Вардар, успеа да го подигне трофејот во Лигата на шампионите.

Милосављев како европски првак се пресели во Фуксе Берлин откако си договори нов ангажман по настанатата голема финансиска криза, а во денови кога се одбележува едногодишнина од големиот успех во Келн, Србинот се сретна со својот ментор и му даде специјален подарок.

Дејан Периќ долги години е тренер на голманите на Вардар, а како човек кој е омилен меѓу сите чувари на мрежата кои пристигнаа во Скопје, ужива огромни симпатии од сите играчи.

– До најдобриот голмански тренер, ментор и животен учител. Слика која ни ги враќа спомените, кога ќе ја погледнеме, ќе се потсетиме на убавите работи кои ги доживеавме работејќи заедно. Ти благодарам за се Перке мој и се надевам дека во блиска иднина повторно ќе ни се спојат патиштата, – порача Милосављев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни