Лига на шампиони
Милојевиќ го отстрани Радоњиќ од првиот тим на Звезда и даде кратко објаснување

Немања Радоњиќ се издвои како еден од најдобрите играчи на Црвена Звезда на последните неколку натпревари во Лигата на шампионите, но поради непрофесионален однос, сега нема да биде дел од завршниот чин во елитното натпреварување.
Тренерот Владан Милојевиќ на денешниот прес само го потврди тоа што го шпекулираа медиуите ова утро, но даде и објаснување зошто играчот за врска е отстранет од тимот за натпреварот против Јанг Бојс.
Српскиот првак утре гостува во Швајцарија во својот последен меч во групната фаза, а бидејќи станува збор за натпревар кој нема никакво резултатско значење, останува двата тима кои се испаднати да одиграат само за престиж.
– Радоњиќ не е повреден, одлуката да не отпатува со тимот е лично моја. Истата ја донесов поради погрешен и непрофесионален однос на тренингот и затоа не е повикан за натпреварот.
– Не би сакал да објаснувам што точно направи, не се потребни дополнителни образложувања, мислам дека кажав доволно на оваа тема, – изјавил тренерот на Звезда, кој јавно го критикуваше Радоњиќ уште пред натпреварот со ПСВ.
– Радоњиќ никогаш не може да биде на својот максимум. Ако секогаш беше на својот максимум, немаше да игра за Звезда, ќе играше за Манчестер Сити или Реал Мадрид, едноставно тоа е моето мислење, – изјави пред една недела Милојевиќ.
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони6 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…