Лига на шампиони
Милојевиќ бесен по поразот од Милан: Ова беше невиден вооружен грабеж во ЛШ! (Видео)
Црвена Звезда одлично ми парираше на Милан и на крајот прими гол по една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на Гутеша, момент кој всушност го реши победникот во 87-та минута.
Играчите на српскиот првак беа бесни за недосудениот прекршок од Габија врз Спајиќ при акцијата за голот, но и за недосудениот прекршок пред корнерот кој претходеше на конечниот епилог.
Поразот од 2:1 беше тежок удар после вложениот труд на теренот, а тоа предизвика бесна реакција од тренерот Владан Милојевиќ кој распали по судиите и обвини дека некој системски сака да и наштети на Звезда.
– Не знам што да кажам после ваков пораз, не знам што е најпаметно. Досега не зборував, јас сум спортист и трпев и молчев за се. Претрпев тешки порази, но ова денеска е срам за Лигата на шампиони, ова е нешто невидено. Да победи Милан на ваков начин, тоа е вистински срам.
– Ова беше вооружен грабеж, очигледно гледаат нас нас како камче во нивните чевли. Од почетокот на Лигата на шампиони имаат нешто против нас, ова беше чист фаул, не сакам да коментирам. Судијата не сакаше да донесе таква одлука и тоа не е случајно.
– Не ни досудија класичен пенал во Монако, очигледно е дека некој не ја сака Звезда во Лигата на шампиони. Ако толку сакаат, нека ја направат нивната затворена Суперлига. Кога еден Милан треба да добие натпревар на ваков начин, се ова станува навистина грдо, – порача бесниот Милојевиќ.
-
Италија19 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП18 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Европски првенства22 часа
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Шпанија21 час
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Италија8 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Англија17 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Шпанија22 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
АТП21 час
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него