Милнер со урнебесен коментар ги истрола Салах и најконтроверзната одлука на ФИФА (Фото)

salah-milne

Мохамед Салах заврши како трет во изборот на ФИФА за најдобар играч за изминатата натпреварувачка сезона, завршувајќи зад победникот Лука Модриќ и Кристијано Роналдо кој денеска не се појави на свечената церемонија во Лондон.

Како утешна награда, фантастичниот играч на Ливерпул го доби „Пушкаш“ признанието кое се доделува за најдобар гол во сезоната, а сетоа тоа предизвика големо изненадување во светската спортска јавност, а и меѓу фудбалските фанови.

Оваа чудна одлука на ФИФА предизвика многу коментари на социјалните мрежи, а се огласи дури и Џејмс Милнер кој го истрола својот соиграч на свој препознатлив начин.

– Честитки Мо Салах што успеа со својот седми најдобар гол од минатата сезона да ја освоиш наградата за гол на годината, – порача Милнер

Facebook Коментари