Поврзете се со нас

Балкан

Милко Ѓуровски ги изненади медиумите со прогнозата: Партизан ќе победи во големото дерби

Објавено

на

Македонската фудбалска легенда Милко Ѓуровски го прогнозирал претстојното дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда и со своите очекувања предизвика многу реакции меѓу фановите на двете екипи.

Црвена Звезда како актуелен шампион и екипа која игра во подобра форма е фаворит на обложувалниците, но Ѓуровски како екс играч на двете белградски екипи смета дека ситуацијата е поинаква.

– Мислам дека Партизан ќе ја победи Звезда во ова дерби. Двата клуба се бренд и дербито е посебен натпревар на кој не влијае моменталната позиција на табелата. Сметам дека Партизан може да победи и тоа му е добра шанса да се врати во живот, – рекол Ѓуровски.

Легендата на екс-ју фудбалската сцена ја коментирал и изјавата на Звездан Терзиќ, кој како директор на „црвено-белите“ истакнал дека актуелната генерација на Звезда е најдобра по таа која стигна до европската титула пред неколку децении.

– Не се сложувам со изјавата, затоа што тогашниот тим е граден со години, постепено се носени играчи како Просинечки, Савиќевиќ и останатите. Во Звезда главен проблем е тоа што доминираат странски играчи, тие не знаат што значи дербито, туку играат затоа што се добро платени. Партизан има поинаков проблем и не ми е јасно зошто постојано ги вртат истите тренери, – рекол Ѓуровски.

Дербито Партизан-Ц. Звезда се игра во понеделник од 19 часот, а во моментов црвено-белите имаат осум бодови и натпревар повеќе од градскиот ривал.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни