Поврзете се со нас

Свет

Милито за вистинското лице на Мурињо: Има едно за…

Објавено

на

Foto:instagram.com/diegomilito

Жозе Мурињо долго време е на фудбалската сцена, стратег кој беше активен во повеќе земји, шампионати за да сега е во Турција каде го води Фенербахче.

Меѓутоа каде и оди Мурињо го привлекува вниманието со своето однесување, коментари, потези, провокации (директни или меѓу редови), поточно знае да создаде пријатели, но и доста непријатели.

Низ кариерата Португалецот имаше можност да соработува со многу луѓе, имиња, а меѓу нив е и Диего Милито кој заедно со Горан Пандев, Весли Снајдер, Самуел Ето, Марко Матераци…беа дел од незаборавната генерација која ја освои тројната круна.

Аргентинецот добро функционираше со Мурињо, па за „Тик Спортс“ објасни за каков човек се работи.

-Тој има едно лице однадвор, но внатре [во соблекувалната] е сосема поинаков. Однадвор се појавува како ‘зло’ за да го заштити тимот и да го намали притисокот, но внатре е многу пријатен човек. Лично, тој беше навистина извонреден со мене.

-Кога потпишав со Интер, тој ми се јави да ми посака добредојде и му кажав дека го сакам дресот со број 22: Знаев дека тогаш истиот го имаше Паоло Орландони. Му кажав дека бројката нема да биде проблем, но Жозе ми рече да останам мирен. Потоа, кога пристигнав во Интер, Паоло ми кажа дека Мурињо  на еден тренинг му рекол: „Паоло, морам да ти побарам услуга, а ти да кажеш да. Мора да ја ослободиш 22-ката. И на крајот ја земав 22-ката, -откри Диего.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни