Поврзете се со нас

Италија

Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика

Објавено

на

Пауло Дибала сигурно се надеваше дека многу побрзо ќе пронајде нов клуб и нова средина, но неговите високи финансиски барања беа одбиени од Јувентус, а му прават проблеми и со другите клубови заинтересирани за неговите услуги.

Проблемот се усложнува поради фактот што Аргентинецот сака да остане во Италија, а бидејќи клубовите од оваа лига не се познати по стратосферските плати, менаџирањето од страна на директорите за балансирање на буџетот се косат со барањата кои ги има доскорешната ѕвезда на Јуве.

Интер се уште не се откажува и верува дека ќе пронајде заеднички јазик со Дибала, што би било потврда на двете „бомби“ бидејќи враќањето на Лукаку е веќе договорено.

– Да видиме како ќе заврши ситуацијата со Дибала, секој може да има корист од него. Ако постои и најмала шанса, мора да се искористи. Тој ќе биде полн погодок за тимот кој веќе се комплетира.

– Дибала во Интер ќе биде правилен играч во правилен клуб. Вистински игра за ресет и рестарт. Тој ја познава Серија А и нема да страда со адаптацијата. Ќе биде прифатен од фановите и желбата за одмазда мислам дека ќе направи разлика, – потенцира Диего Милито за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни