Поврзете се со нас

Шпанија

Милитао се врати на теренот по седум месеци: Многу борба, многу посветеност…

Објавено

на

foto:twitter.com/edermilitao

Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со 2-0 со погодоците на Родриго Гоеш, но ова воедно беше средба на која по подолго време на терените го видовме дефанзивецот Едер Милитао.

Бразилецот по нешто повеќе од седум месеци повторно беше во комбинација и ги доби првите минути од тренерот Карло Анчелоти во судиското продолжение каде доби големи аплаузи од публиката на „Сантијаго Бернабеу“.

Милитао беше во аут од првото соочување со Билбао за да сега против истиот ривал се врати на зелениот тепих и со тоа официјално стави крај на тешкиот период за него.

-Поминаа повеќе од седум месеци надвор од теренот. Многу борба, многу посветеност и многу верба! Би сакал да му се заблагодарам на целото мое семејство, пријатели, соиграчи и особено на техничкиот персонал на клубот за сета поддршка во овој период.

-Да се игра пак на Бернабеу со сета поддршка од навивачите беше возбудливо! Сега целосен фокус на последниот дел од сезоната! Хала Мадрид, -напиша стоперот на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни