Поврзете се со нас

Шпанија

Милитао доби за задача да бира „Златна топка“ меѓу тројца соиграчи од Реал, одговорот го даде без размислување (Видео)

Објавено

на

Едер Милитао остави нависитна тешка сезона зад себе во која најмногу се рехабилитираше од кинењето на предниот вкрстен лигамент на коленото, но сепак добра вест беше тоа што на крајот влезе во натпреварувачки ритам и пристигна навреме за настап на Копа Америка.

Бразилскиот репрезентативец ќе се обиде да му помогне на националниот тим на турнирот на кој Аргентина ја брани титулата, а токму Копа Америка ќе покаже дали Едер полека се враќање во препознатливата форма.

И покрај мрачните денови на индивидуален план, Милитао на крајот беше дел од сите радосни моменти за Реал на крајот од сезоната, па освоените титули во Ла Лига и Лигата на шампионите донесоа огромна сатисфакција во сезоната која беше и тоа како предизвикувачка за него.

Стоперот се закити со нови трофеи благодарание на своите соиграчи, но непосредно пред Копа Америка, беше запрашан да го избере најдобриот и оној на кој би му ја доделил „Златната топка“.

Новинарот му ги истакна Винисиус, Белингам и Крос како играчи кои ја одбележаа сезоната на Реал, а Милитао без размислување одговори дека „Златната топка“ би му ја предал на Вини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни